САД ДОБИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ТРАМП ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА: Ова е првото соопштние со приоритети на новата администрација!

Доналд Трамп денеска во Вашингтон положи заклетва како 45-ти претседател на САД.

tramp_zakletva

Трамп беше претседателски кандидат на Републиканската партија на изборите на 8 ноември 2016 година. Претходно во два мандата функцијата шеф на државата ја извршуваше Барак Обама од Демократската партија.

На претседателските избори одржани во ноември минатата година, Трамп ја победи кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон со мнозинство електорски гласови, иако Клинтон доби речиси три милиони повеќе гласови од граѓаните. Тоа е петти таков случај во историјата на САД.

Трамп е највозрасна личност која стапила на функцијата претседател на САД и прв без претходно искуство во американската влада или армија.

Списанието „Форбс“ во 2016 година го постави Трамп на 324 место на најбогати луѓе во светот со проценка за неговото богатство од 4,5 милијарди долари.

Првиот приоритет на новата администрација на претседателот Трамп е повлекување од Транс-Пацифичкото партнерство и договорот за слободна трговија, договор кој имаше сериозна опозиција во Европа, како и повлекување и нови преговори за договорот НАФТА.

„Оваа стратегија почнува преку повлекување од Транс-Пацифичкиот договор за партнерство, обезбедувајќи дека секој нареден договор ќе биде во интерес на Американските работници“, стои во соопштениет. „Претседателот Трамп ќе остане посветен на нови преговори за договорот НАФТА“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.