Американскиот претседател Доналд Tpaмп на прес-конференција во Белата куќа објави дека САД ги прекинува сите врски со Светската здравствена организација (СЗО).
Вели дека САД се одлучи на овој потег бидејќи смета оти СЗО е премногу блиска со Кина и оти имала лош пристап во управувањето со пандемијата од коронавирусот.
Додаде дека сите средства кои САД досега ги издвојуваше за СЗО ќе ги преусмери во други организации.
-Кина го прикриваше коронавирусот со што овозможи да се прошири во целиот свет, вели Трамп.