[Best_Wordpress_Gallery id=”173″ gal_title=”SabotnoKarnevalskoKafe”]
Маркукуле.мк и Жито Прилеп, заедно ви ги доближуваат сите најинтересни моменти од карневалот “Прочка 2016” .
Со дефилето на повеќе од 300 учесници во групни маски, од ученици од прилепските училишта и градинки, до 12 годишна возраст и жонглери, акробати и коловнови, денеска на плоштадот „Методија Андонов-Ченто, во центарот на градот се одржа детскиот карневал, како претходница на утрешното издание на 15-то јубилејно издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2016“.
Детскиот карневал за отворен го прогласи градоначалникот г-дин Марјан Ристески, кој меѓудругото истакна:
„Детскиот карневал е новина оваа година. Во иднина карневалот ќе има два дела, саботата за најмладите до 12 години, каде, со групни маски ќе бидат вклучени и основните училишта и градинките, а додека пак, во недела, на утрешниот карневалски ден, ќе се претстават возрасните со групни и поединачни маски.
Утре во Прилеп ќе продефилираат преку 2.000 маскирани луѓе, од земјава и странство, со групни и поединачни маски:
„Па не случајно очекуваме да биде забавно и лудо маскебалски, како што му доликува на карневалски Прилеп“, посочи градоначалникот Ристески.
Карневалот „Прочка 2016“, со своето јубилејно издание, веќе прераснува во бренд за Прилеп и Република Македонија. Хотелските капацитете веќе се преполни во очкување на утрешниот ден. Утрешниот карневалски ден започнува во 13 часот, а дефилето на маските ќе започне од плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Карневалот „Прочка 2016“, ќе го отвори традиционалната прилепска маска „Прилепски мечкари„ .