Иницијативата “За заедничка Македонија” денеска организираше голем народен хепенинг на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп.
На настанот присуствуваа огромен број граѓани, но и многу млади, кои имаа можност да проследат богата музичка програма.
Настанот имаше за цел да ја разбуди свеста кај граѓаните за припадност кон државата и нацијата.
Огромен број неопределени граѓани кои се чувствуваат изиграни од прифаќањето на “албанската платформа” аплаудираа и искажаа поддршка за ваквата иницијатива.
Прилепчани изминатите денови покажаа колку си ја сакаат државата, излегувајќи масовно на протестите за зачувување на унитарноста на државата.
Граѓаните и денес и изминатите денови им порачаа на “пазарџиите” со државата, “Нема да ви помине”, “Нема да газите на нашето достоинство”.
Изминатите 5 дена, беше гордост да си Македонец и прилепчанец, бидејќи речиси и да не остана граѓанин кој во 18 часот е дома, не остана човек рамнодушен на заканите кои ја демнат државата, не остана срце кое барем за миг не почувствува грижа за иднината.
Протестите продолжуваат во понеделник во истиот термин од 18 часот, пред хотел “Липа”.