Koмпанијата “Рустика Кетеринг” покажа како треба, ширејќи насмевки, љубов и грижа во пресрет на празниците за дечињата од посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски” Прилеп.
Децата добија пакетчиња со производи, а на претставниците од компанијата за возврат им подарија прегратки и рачни изработки.
-Вашата предновогодишна донација не е само гест, туку топла приказна за човечност, грижа и љубов. Со вашата подадена рака внесовте радост во детските срца и покажавте дека вистинската убавина се мери со добрината што ја споделуваме. Ви благодариме што со вашето големо срце станавте дел од нивната насмевка и од нашата заедничка мисија – да создадеме свет исполнет со разбирање, поддршка и надеж, напишаа од училиштето на социјалните мрежи.
























