Moсковскиот Институт за топлотна технологија, руски инженерски и научно-истражувачки институт кој е дел од вселенската корпорација Роскосмос, го дизајнираше “маглев” возот кој може да работи во беспилотен режим, вели за Тас главниот проектант Јуриј Соломонов.
Маглев (изведен од “магнетна левитација”) е систем на железнички превоз кој користи два комплети на магнети: еден поставен за одвивање и потискање на возот од пругата, а другиот за движење.
“Целта на проектот е создавање на демонстрациски модел на воз во целосна големина за проверка и потврда на главните технички карактеристики на новите технолошки решенија поврзани со примената на технологијата маглев”, вели Соломонов, пренесува Тас.