Се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков самиот се пријави, истакна вчера на прес-конференција обвинителката Вилма Рускоска.
Појасни дека Мијалков преку посредници побарал да се пријавил токму во Обвинителството за организиран kpиминал и кopyпција.
-Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите кои што се во Обвинителството за организиран kpиминал и kopyпција, рече Рускоска.
Во однос на повлекувањето на жалбата за затвopcки, наместо куќен притвop Рускоска рече дека тоа е сторено за да не се губи време.
-Колку што имам сознанија разговарале на таа тема со Јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Истиот се согласил. Од тие причини е повлечена жалбата, рече Рускоска, додавајќи дека сепак ќе се размислува дали да се побара затворски притвop.
-Олеснителна околност е што самиот се пријави, рече Рускоска.
Само да потсетиме дека на ова претходеше една долга прес-конференција на министерот за внатрешни работи каде тој тврдеше дека има информации кои се поврзани со “бегството” на екс директорот на УБК.