РУСКИ ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ ЗА НЛО: Сите судири на војската со НЛО завршиле трагично – 3 авиони биле претворени во прав

За време на 1940-тите и 1950-тите години, САД ја зафатила НЛО-манија, па новинарските страници биле преполни со извештаи од летечки чинии, луѓе во црно и вонземски киндапирања.

Но кога средбите со вонземјаните станале реалност во САД, нивните комунистички непријатели исто така биле погодени од мистериозни средби со неидентификувани летечки објекти.

Како што “вели” теоријата на заговор, советските централи започнале да го зголемуваат контактот со вонземјаните и леталта кои влегуваат во воздушниот простор над Русија.

НЛО истражувачот роден во време на Советскиот Сојуз, Пол Стонхил, за Дејли стар рекол: “Во СССР биле шокирани што толку неидентификувани летечки објекти може да влезат во нивната граница и тоа без нивна контрола”.

“Имаа повеќе директни средби отколку САД”.

За време на Ладната војна и вселенските трки, леталата на СОветскиот Сојуз често гледале НЛО.

Стонхил рекол:” Во Кремљ станаа параноични, но не можеа да направат ништо”.

“Во неколку наврати се обидуваа да соборат НЛО, но сите обиди завршуваа трагично”.

Истражувачот, чии текстови се објавени на 11 јазици, извади записи кои се чувале во тајност во СССР.

Тајната истражувачка програма СЕТКА е основана во 1977 година по инцидентот во кој 48 непознати летечки објекти се појавиле во атмосферата ширум СССР.

Овој инцидент се случил во градот Петрозаводск, кога огромен светлечки објект се појавил на небото- насочувајќи ја светлината кон Земјата.

Стонхил рекол дека поголем дел од архивата на оваа програма останал под клуч, но додал дека таа е пренесувана меѓу врвните воени умови и научници на комунистичката држава.

Крвавата средба меѓу вонземско летало и Советските сили се случила во 1953 година, набрзо по смртта на Сталин.

Голем НЛО се појавил во сибирските тајги, а воените шефови веднаш испратиле силни воени одреди во тоа подрачје.

Кога се обиделе да се приближат до непознатото летало, трите советски авиони се претвориле во прав.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.