Руски епидемиолог го растури митот кој го шират лажните експерти за Ковид-19: Оваа грешка ја прават многу луѓе, а може само да ви штети

Руските лекари повикуваат да не се претерува во набавката на антивирусни лекови и тврдат дека е подобро граѓаните воошто да не ги купуваат без препорака на стручен лекар.

Кога се испразнети полиците со брашно и тоалетна хартија, купувачите своето внимание го насочија кон аптеките. Сега во Русија владее голема побарувачка за антивирусни лекови, а лажни медицински експерти додаваат масло на разгорениот оган, со совети дека “без конзумирање на антивирусни лекови, побрзо ќе се заразите со Ковид-19”.

“Масовното купување на антивирусни лекови, имуномодулирачки лекови без лекарски рецепт и без лекарски препораки, нема смислa, a во најдобар случај е губење на пари. Во најлош случај, земањето на такви лекови може да предизвика аутоимуна болест”, вели епидемиологот Илија Акинфев.

Лекот за коронавирус сеуште не е направен. Додека светот чека, она што најмногу може да го запре ширењето на вирусот е: редовно миење раце, користење на антисептици, но без фанатизам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.