Рускиот џин се врати во Вардар и ќе го носи дресот во наредните две сезони

Рускиот интернационалец, Глеб Калараш (28) останува член на Вардар и во следните две сезони. Иако замина за Украина, желба на играчот беше да се врати во клубот со кој ја освои ЕХФ лигата на шампионите и СЕХА Газпром лигата минатата сезона. Откако беа разрешени сите административни формалности, 205 см. високиот играч е регистриран како играч на Вардар.

Калараш минатата недела дојде во Скопје, но чекаше да се завршат сите формалноси за да може и официјално да тренира со своите соиграчи. Вардар во моментов е на Супер Глоуб во Дамам, а Калараш остана во Скопје да тренира заедно со Стоилов кој се подготвува за враќање на теренот.

Рускиот пивотмен дојде лани во Вардар и веднаш стана еден од омилените играчи на публиката, но и меѓу соиграчите. Беше дел од екипата што ја одбраната титулата во СЕХА ГАзпром лигата и во домашното првенство, и во триумфот на „црвено-црните” на Ф4 турнирот во ЕХФ лигата на шампионите Келн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.