Рускиот борач Хабиб Нурмагомедов синоќа ја одбрани УФЦ титулата, откако со технички нокаут во четвртата рунда го победи Ирецот Конор Мекгрегор.
По завршувањето на борбата се случи и инцидент, кој за среќа кратко траеше и заврши без повредени.
Нурмагомедов го нападна спаринг – партнерот на Мекгрегор, а потоа започна физичка пресметка меѓу повеќе лица. По натпреварот тројца членови од тимот на Нурмагомедов беа уапсени поради напад.
Рускиот ѕвер од Дагестан уште како мал покажувал афинитети дека еден ден ќе стане тоа што е денеска, вистински шампион.
Нурмагомедов се борел со мечка, а снимката е од 1997 година, кога имал само девет години.