Рускиот Патријарх кој одбил да слета во Белград: Наместо тоа, слетал во Охрид, клекнал и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим”

Кога своевремено Српската Православна Црква го поканила Рускиот Патријарх Алексеј Први, тој одбил да слета во Белград, слетал во Охрид

На 25 мај 1962 година прво што сторил по слетувањето на аеродромот во Охрид, Рускиот Патријарх Алексеј Први клекнал, ја бакнал земјата и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим!“

Потоа, на света архиерејска литургија во македонската црква “Света Богородица Каменско“ во Охрид, заедно чиноначалствувале тројцата поглавари: Рускиот Патријарх Алексеј Први, Српскиот Патријарх Герман и Македонскиот Архиепископ Доситеј.

Инаку во православната јавност во Русија, Охрид се доживува во вистинското светло. Како свето место, од каде што потекнува нивниот јазик, религија и култура.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.