На социјалните мрежи се рашири видео од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу како им се обраќа на воените и политичките лидери на Русија. Видеото на „Твитер“ го сподели и украинскиот дипломат Олександер Шерба.
„Сето ова е само привремено. Работите повторно ќе бидат добри. Ќе имаме нов Советски Сојуз, голем и силен. Повторно ќе има мир. Никој нема да замине“, рече Шојгу.
„До оние што мислат дека сето ова се случува затоа што НАТО отишол предалеку – слушате ли?“, напиша Шерба во твит.
RU Defence Minister: “Things will be good again. We’ll have a new Soviet Union, big & strong. There’ll be peace again. No one will go away”.
Those who claim it’s all about NATO going too far – do you listen?#StopPutinNOW #StandWithUkraine pic.twitter.com/sLgjcwUexQ— olexander scherba?? (@olex_scherba) July 28, 2022