Камен во бубрезите обично се создава во средиштето на бубрезите, каде што се собира мочта пред да оди во мочниот канал, цевка која води до мочниот меур. Тој се создава кога одредени материи во мочта-вклучувајќи калциум и мочна киселина- се кристализираат и тие кристали се таложат.
Напротив поголемиот камен го надразнува и го притиска мочниот канал кога се движи до мочниот меур, предизвикувајќи исклучително силни болки и спречувајќи го протокот на мочта. Понекогаш каменот може да биде голем како топче за голф и останува сместен во бубрегот, доведувајќи до уште потешко нарушување.
Каменот во бубрегот е почест кај младите и луѓето со средни години отколку кај старите и многу почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Луѓето кои живеат во потопли климатски услови се поклони кон создавање камен во бубрезите поради почестата дехидратација, со која се концентрираат минералите во мочта.
Ако некогаш сте заболеле од камен во бубрезите постои веројатност постои веројатност повторно да заболете. Затоа е важно толку што е можно поточно да одредите што ја предизвикало појавата на каменот за да преземете мерки за спречување на повторното заболување.
Алтернативни начини на лекување
Освен долупишаното лекување со кинески треви, можебо ќе се решите за акупунктура или хомеопатија;двата начини на лекување може да помогнат при ублажувањето на болките, а акупунктурата може да со забрза движењето на каменот. Во двата случаи, приврзаниците нагласуваат дека е неопходно да бидете под контрола на лекар.
Кинески лековити билки
Стручните лица за кинеска медицина понекогаш препишуваат карамбола (Averhoa carambola) за да ја олеснат болката и да го поттикнат мочањето. Ставете три свежи плодови во тава со две лажички мед. Динстајте го овошјето додека не стане меко и тогаш изедете го овошјето и неговиот сок. Повторувајте го ова секој ден се додека каменот не се изфрли и додека не се ослободите од болката.
Рецепт за отстранување на каменот од бубрегот:
Навечер 1 чаша (200 гр) просо измијте го во топла вода.
Сипете го продото во голема тегла (од 3 литри) и прелејте 2/3 тегли со жешка сварена вода. Преклопете и замотајте во нешто топло и оставете да преноќи така. Наутро ќе забележите бела и матна течност во теглата. Тоа е вашиот лек. Сипете ја течноста во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничување, во било која количина, кога и да посакате.
Просото немојте да го фрлате. Сварете здрава каша и искористете ја за појадок ( 1 чаша просо, 3 чаши вода се варат 15 минути). Навечер подгответе нова порција за утредента, по истата постапка. Овој напиток треба да го пиете 10 – 15 минути.
Резултат: после 10 – 15 дена камењата ќе се растопат и ќе излезат заедно со урината, а бубрезите ќе останат исчистени од песокот и камењата. Елиминирано е воспалението, обновени се ткивата на бубрезите и органите на уринарниот тракт.
Извор: “Maгазин.мк”