Амбасадата на Руската Федерација во земјава упати честитка по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
„Денеска се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, народен херој кој стана симбол на ослободителната борба во Македонија. Им ја честитаме оваа значајна годишнина на сите кои ги споделуваат неговите идеали!“, стои во честитката објваена на фесбук профилот на Руската амбасада.