Екстремни тестови на новиот руски автомобил Аурус биле извршени во Јамало-Ненецкиот округ на Русија, каде температурите во моментот на спроведувањето на проверките изнесувале под -40 степени Целзиусови.
Информацијата ја објави телевизијата „Росија 24“ во која се вели дека температурата била -41 степени, а чувството било како за -50. Тестирани биле неколку автомобили, а еден од нив бил со невообичаена бела боја. Регистарските таблички, пак, на два од автомибилите, меѓутоа, се совпаѓале со тие на првите луѓе на Русија-Путин и Медведев.
По ненадејното појавување на автомобилите во тој дел на Русија, претставници на руската влада потврдија дека тие биле таму заради екстремни тестови, додавајќи дека автомобилите одлично се справиле со максимално ниските температури.
Извор: “Прессинг ТВ”