Во извештајот на министерството за одбрана се наведува дека руската војска добила задача да заштите истражувачки брод кој се упатил на Антарктик со мистериозен објект по име “Ковчегот на Габриел”.
Се зборува дека “Ковчегот на Габриел” е од воено-религиска важност, и тоа дека претседателот Путин наредил голем број воени бродови да го испратат од Саудиска Арабија до Антарктик.
Во извештајот се наведува дека мисијата почнала така што претставниците на џамијата во Мека во Саудиска Арабија контактирале со неговата светост патријархот Кирил 25 во септември, по повод мистериозен древен објект откриен под џапијата Masid al Haram, во текот на конзерваторски проект кој започнал во 2014 година.
Претставниците на џамијата се уплашиле од мистериозниот уред откриен на 12 септември од страна на 15 копачи кои настрадале од експлозија, која настанала кога пробувале да го ископаат.
Таа експлозија била толку силна што направила хаос и над површината, соборувајќи градежен кран и усмртувајќи околу стотина луѓе.
Исто така се наведува дека при уште еден обид за ископување на овој уред спроведен на 24 септември, се случила уште една експлозија кога настрадале повеќе од 4.000 луѓе, за што Саудијците рекле дека се случило стампедо.
Бидејќи голем број на луѓе настрадале во обидите да се изваде овој мистериозен уред, претставниците на џамијата контактирале со неговата светост патријархот Кирил, прашувајќи го за прастариот исламски ракопис, кој е во посед на руската православна црква.
Важно е да се спомене и тоа дека, иако многумина не знаат, римокатоличките крстоносци војувале и против исламот и против руската православна црква, што е една од причините зошто руската православна црква ги сочувала и своите и муслиманските религиски ракописи.
Во ракописите се опишани упатствата кои ангелот Габриел му ги дал на Мухамед во Хира, која се наоѓа на планината Џабал ал Нур во близина на Мека, а во кои се наоѓа некаква “кутија/ковчег” со неверојатна моќ која не смее да се користи затоа што припаѓа само на Бог и која треба да се закопа во храм, кој ангелите го користеле за “обожавање” пред да биде креиран човекот, се до денот Javam al Kijamah, што во превод значи “Ден на воскресение”.
Koга претседателот Путин слушнал за озбилноста на ситуацијата на 27 септември, тој одма наредил да се спроведе мисија на носење на ковчегот на Антарктикот, но и три дена подоцна на 30 септември, наредил на воздушните сили да почнат со бомбардирање на терористите од Исламска држава во Сирија.
Не е познато за што тој мистериозен уред служи, ниту зошто го преместиле на Антарктик.
A.Г.