Руската амбасада во Македонија на социјалните мрежи постојано потсетува и оддава почести на значајни личности од македонската историја.
“Пред 101 година е родена Вера Ацева (1919-2006) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија, еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди, во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, избрана во неговиот Президиум”, напишаа вчера на Твитер од амбасадата.
Пред 101 година е родена Вера Ацева (1919-2006) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија, еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди, во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, избрана во неговиот Президиум pic.twitter.com/56roZcvZSH
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) November 24, 2020
На 18 ноември од руската амбасада потсетија и на денот на раѓањето на Крсте Петков Мисирков.
На 18 ноември 1874 е роден Крсте Петков Мисирков — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен jaзик, славист, историчар, етнограф, публицист, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни друштва во Санкт Петербург, Одеса, Белград и Софија pic.twitter.com/ufGYatMlmu
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) November 18, 2020