Изминатите денови голем број политичари, конгресмени, претставници на Европската Унија… преку изјави им сугерираат на македонските граѓани како да гласаат на престојниот референдум на 30 септември.
Дел од нив дури велат Македонија избирала помеѓу изолација и иднина…
На овие гласини и размислувања на странски политичари, се надоврза и руската амбасада во Македонија од каде на нивниот Твитер профил напишаа:
“Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на #Македонија како да гласат на #референдумот. Интересно, што би било вакви “совети” да дели официјален претставник на #Русија..?”
Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на #Македонија како да гласат на #референдумот. Интересно, што би било вакви “совети” да дели официјален претставник на #Русија..? https://t.co/7SgYwm1ekr
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) August 29, 2018