РУСИЈА СО ЈАСЕН СТАВ: Официјална Москва е против промена на името на Р.Македонија врз основа на Преспанскиот договор!

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на вчерашната прес конференција брифираше дека официјална Москва не поддржува договори за пормена на државното име на Р.Македонија ке не се заснова на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа.

„Решение за името треба да се потпира на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа. Преспанската спогодба не е таков случај. Таа само предизвика дополнителен раскол и во #Грција и во Република #Македонија“ – рече Марија Захарова на дневниот брифинг за новинарите.

Ваквиот јасен став за планираната промена на името, уште еднаш укажува дека злоупотребата на изјавата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров пред околу два месеци, не беше ништо повеќе отколку обичен спин на медиумите со што се направи обид да се дејствува врз јавното мислење против невидливото „руско влијание“ во Р.Македонија.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.