РУСИЈА НОСИ ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО ТУРЦИЈА: Турција разместува тенкови на границата со Сирија!

Војската на Руската Федерација распоредила неколку илијади војници (58.армија) на Ерменско-турската граница. Според неименувани извори, кои се поврзани со руското Министерство за одбрана, пристигна информација дека претседателот на РФ Владимир Путин, во консултации со Генераштабот на војската на Руската федерација одлуката ја донел за итно разместување на единиците на елитната 58.армија на границата Ерменија – Турција.

Во овој момент на границата со Турција се распоредени одбрани мотострелачки состави на оваа армија, опремени со најсовремено вооружување и воена опрема, и засилен систем за против-воздушна одбрана, повеќецевни ракетни фрлачи и анти-тенковски средства. Вкупната бројност на ангажираните сили, кои се наоѓаат во режим на зголемена борбена готовност се проценува на околу 7,000 војници и офицери.

Целта на оваа борбена група е да ги штити елементите за ПВО С-400 како и напредниот комплекс ПЕБ “Красуха-4″. Според тврдењата на воени експерти, во координација со ракетниот полк С-400 распореден во Сирија, Руската Федерација ефективно ќе го контролира 85% од турскиот воздушен простор! Ударните елемените на 58.армија во Грузија на војската на Руската Федерација, претставува оперативна група на здружени сили која е задолжена за одбрана на јужните граници на Руската Федерација со посебен акцент на Кавказ. Брои нешто повеќе од 70.000 војници, а во нејзиниот арсенал се наоѓаат преку 600 тенкови, повеќе од 2.000 оклопни транспортери и неколку иијади единици на ракетни фрлачи и топови.

Единицата се состои од високо-квалитетни и исклучително мотивирани припадници, а има и исклучително богато воено искуство. Спаѓа во категоријата на елитни состави во Руската Армија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.