На 30 септември, Република Македонија одржа референдум за Преспанскиот договор, кој предвидува промена на името на земјата во Северна Македонија. Одѕивот од 36,8 отсто значи дека референдумот не може да се препознае како валиден (одѕивот мора да биде најмалку 50 отсто). Јасно е дека македонските гласачи избраа да ги бојкотираат решенијата наметнати за Скопје и Атина однадвор – бидејќи водечките политичари од НАТО и земјите-членки на ЕУ директно учествуваа во оваа крупна пропагандна кампања, слободно мешајќи се во внатрешните работи на оваа балканска држава.
И покрај фактот што две третини од македонското население не гласаше во корист на Преспанскиот договор, резултатите од гласањето веднаш беа поздравени од страна на водачите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Евидентна е желбата да се обезбеди и да се забрза влезот на Скопје во НАТО и покрај волјата на народот на Македонија.
Нашиот принципиелен став останува ист: долгорочното решение може само да се договори од двете страни самостојно, без никакво надворешно мешање, и само во рамките на законот и со широка јавна поддршка. Преспанскиот договор јасно не ги исполнува овие критериуми. Не е во согласност со меѓународното право и со Уставот на Македонија, што повеќепати го истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов, вклучително и на Генералното собрание на ООН.
Како постојана член на Советот за безбедност на ОН, Русија внимателно го следи развојот на оваа ситуација. Поаѓаме од фактот дека според став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, резултатите од разговорите меѓу Скопје и Атина ќе бидат разгледани во Советот за безбедност на ОН, се вели во соопштението на руското МНР.
Извор: инфомах