Русија му даде “Демарш” на грчкиот амбасадор во Москва – причината е Македонија

Грчките медиуми информираа дека грчкиот амбасадор во Русија бил повикан од Министерството за надворешни работи во Москва.

Според пишувањето на грчкиот весник “Катимерини”, Андреас Фруганас бил повикан поради протерувањето на двајца руски дипломати од страна на Грција, поради наводна вмешаност во организирање протести против договорот од Преспа.

Сомнежите на Атина се дека со руски пари се планирало организирање на протести против договорот со “Северна Македонија” како што пишува Катимерини.

Русија во последниве десетина месеци имаше неколку изјави со кои јавно се спротивстави и се закани на проширувањето на НАТО во регионот на Западен Балкан и директо во врска со Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.