Русија и нуди сојуз на Србија – економска помош и најмодерно оружје!

1111

„Руската понуда“ нема да ја условува Србија со прекинување на преговорите со ЕУ, а ќе подразбира, пред се’, помош во модернизација на војската и во економијата.

Рускиот претседател, Владимир Путин, на најблиските соработници им издал налог да подготват „понуда за Србија“ која би подразбирала економска соработка, но и воена помош на земјата која во Москва гледа „последен искрен сојузник на Балканот“.

Понудата на Путин и овозможува на Србија за краток рок да стане уште посериозна држава.
„На Русија и е важно Србија да биде што посилна и стабилна држава. Путин смета дека сега е моментот пред Србија која е соочена со страшни уцени и притисоци од Запад, да се излезе со понуда која нема да може да ја одбие“, пренесува дипломатски извор, човек кој имал личен контакт со претседателот на Руската федерација.

Како што се дознава „руската понуда“ нема да ја условува Србија со прекинување на преговорите со ЕУ, а ќе подразбира, пред се’, помош во модернизација на војската и во економијата.

222

„Русија е подготвена да ви испорача најмодерна воена техника, авиони, хеликоптери, дури и ракетен систем „S-300“, кој би бил клучен фактор во одбивање на евентуална агресија. Во моментот кога Американците најавуваат дека на Хрватска ќе и подарат самовозни минофрлачи чиј домет е 300 километри, Србија би можела да има соодветен одговор“

Москва е подготвена во Србија да инвестира 5 милијарди евра во рок од три години. Ќе понудиме големи инвестиции во инфраструктурата, железницата… Особено големи вложувања би имало во гасните електрани, што ќе ја претворат Србија во енергетски лидер во регионот. Исто така, рускиот пазар, без ограничувања, би се отворил за сите производи од Србија, вели соговорникот за „Информер“.

Официјално, никој од Владата во Србија не сакал да ги коментира овие сознанија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.