Министерството за спорт на Русија донесе одлука за забрана за работа на странските тренери во тамошниот фудбал, објави рускиот Еуроспорт.
Одлуката најмногу ќе го погоди португалскиот стратег Андре Виљаш Боаш, кој и онака најави дека ќе замине од клупата на Зенит на крајот од сезоната.
Од 16 прволигашки клубови во Русија има уште петмина странци тренери.
Интересно е што новото правило не важи за селектор на руската репрезентација, кој може да биде странец, додека во клубовите странец може да биде само помошен тренер.