Русија вчера ја призна нашата држава под новото уставно име- Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.
-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име- Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.