Русија повикува да биде прекинат надворешниот притисок врз Македонија и да им се овозможи на одговорните политички сили во републиката сами да го определат натамошниот развојот на земјата, посочи руското МНР, пренесува ТАСС.
Од Министерството велат дека на 27 април опозицијата во Македонија, заобиколувајќи ја вообичаената постапка, избрала претседател на парламентот – Албанец по националност. Во знак на протест, активистите од движењето „За обединета Македонија” упаднаа во зградата на парламентот во Скопје и предизвикаа немири.
„Во сегашнава ситуација може да биде најдено соодветно решение само преку внатрешно-македонски дијалог во рамките на уставно-правната област“, изјавија од руското МНР.
„Неопходно е да биде прекинат секаков надворешен притисок и да им се овозможи на одговорните политички сили на Република Македонија сами да го одредат идниот развој на земјата”, се истакнува уште еднаш во реакцијата.