Русите нека му ја мислат: Кличко и’ се приклучи на украинската apмиja

Поранешниот шампион во тешка категорија, а сега градоначалник на Киев, Виталиј Кличко стана член на украинската војска, посочувајќи дека Украина е во војна веќе осум години.

Кличко, кој беше шампион во три децении пред повлекувањето од спортот во 2012, почнал да учествува во Територијаната одбрана во Киев, каде што е градоначалник од 2014 година, а претходно беше шампион на Воените светски игри.

„Многумина од нас веќе имаат отслужено војска и тие вештини мора да ги вратиме. Тоа е многу важно за сите официјални лица во Украина, бидејќи нашата земја е во војна осум години. Војската е слична со спортот – ти треба самодисциплина, посветеност, упорност и фокусираност без разлика што правите“, вели Кличко во интервју за „Дејли телеграф“.

Тој побара западот да изврши притисок на Владимир Путин и Русија.

„Украина го избра европскиот пат и сака да се постави како рамноправен член на европското семејство – историски, географски и ментално. Потребна ни е помош“, вели Кличко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.