Русите кои ги покорија гигантите Наполи и Лестер, за противник ја сакаат Барса, а нашиот Елмас им донесе прво место во групата

Спартак Москва синоќа успеа да триумфира на гостувањето кај Легија во Полска и го освои првото место во групата на Лигата на Европа, каде се натпреваруваше и Наполи на нашиот Елиф Елмас.

Токму Елмас беше најзаслужен за пласманот на Спартак во нокаут фазата и првото место во групата. Со два погодоци Елмас го нокаутираше Лестер кој заврши на третото место.

На Спартак Москва и одговараше само триумф на гостувањето во Варшава, но и пораз на Лестер на гостувањето во Неапол. Херој на Русите беше голманот Селиков кој одбрани пенал во 95-та минута.

После триумфот и првото место во групата, администраторите на на Твитер акаунтот од клубот се надминаа себе си.

Правеја мемиња цела вечер…

За потсетување Спартак претходно во двата натпревари триумфираше против Наполи, а тренерот на наполитанците Лучиано Спалети одби да се поздрави со тренерот на Русите.

Ја грабнаа под нозе и Барселона, која очигледно им е посакуван противник во наредната фаза.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.