Русите го освоија Харков

Проруските сепаратисти го преземаа патот кон Харков, кажа министерот за внатрешни работи на Луганск, Игор Корнет.

Ако слободата вака изгледа, тогаш Харков е и слободен, а не само освоен.

„Патот до областа во Харков од Луганск е слободен и безбеден и ќе се користи за испраќање на храна и гориво. Територијата на Харков е ослободена за нормален живот на цивилите“, вели тој.

„Нема да запреме тука, ќе продолжиме со остварување на специјалната воена мисија во Украина“, објаснува министерот.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Европската унија (ЕУ) планира да воведе уште еден пакет санкции за Русија за да го зголеми притисокот врз државата.

„Санкциите ќе бидат за рускиот енергетски сектор, извозот, увозот и транспортот. Работиме за да го направиме болно за руската воена машинерија“, кажа Зеленски.

Зеленски, исто така, кажа дека ова е историск момент кога може да развијат максимална брзна во пристапувањето кон ЕУ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.