Амбасадата на САД во Скопје, Македонија зафаќа несразмерно поголема површина од амбасадите кои САД ги има во многу поголеми земји, и со сигурност е најголемата амбасада на Балканот. Претходно информиравме за тајните кои ги крие оваа амбасада, а мерките очигледно им ги земале и Русите
Рускиот портал „Катехон“ ги објави координатите на Амабсадата на САД (42°0’35″N 21°25’38″E), а според нив токму оваа локација е најважната на Балканските простори.
„Катехон“ пишува дека комплексот на згради на амбасадата на САД се наоѓа на стратешки погодно место во предградието на Скопје на рид од кој има чист и непречен поглед на градот, но и чиста и непопречена ширина за радио-телекомуникациите.
– Освен видливите структури, главната зграда на комплексот води и четири ката под земја, каде што се сместени просториите во кои се наоѓаат канцелариите на различните департмани на администрацијата на САД, но и ИТ секторот задолжен за следење на комуникациите на целиот Балкан – пишува „Катехон“.
Очигледно е дека Стејт Департментот ги следи прописите на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк кој своевремено изјави дека „Оној кој ја контролира долината на реката Вардар, е господар на Балканот“, пишува рускиот портал, и додава дека басенот на реката Вардар во две третини се наоѓа на територија на денешна Македонија, или целокупниот тек тече во рамки на историските граници на Македонија.
Инаку, Бранко Црвенковски и СДСМ во 2004 година потпишаа договор со САД за непречен пристап до комуникациските линии кои поминуваат низ Македонија, за непречен пристап и контрола на целокупната комуникација на Македонските но и на сите жители на Балканските земји!