Роналдо запеа рок пред соиграчите во пресрет на стартот на сезонава во Сериа А (ВИДЕО)

За новајлиите во Јувентус важи едно правило, а тоа значи дека тие мораат да ги покажат своите вокални способности пред своите играчи.

Статусот на супер ѕвезда кој го има Роналдо не го изостави од ова правило, па и тој мораше да запее.

Неговиот соиграч од средината на теренот, Миралем Пјаниќ, на Инстаграм објави видео од настапот на Кристијано Роналдо.

Човекот од кој сезонава се очекува шампионска титула во Лигата на шампиони, ја испеа рок верзијата од португалската песна “A minha Casinha”.

Покрај него на синоќешната вечера запеале и Жоао Кансело, Матиа Перин, Емре Џан и повратникот Леонардо Бонучи.

Јувентус ја стартува сезоната денеска, со гостувањето во Верона против Киево од 18:00 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.