Роналдо доби честитки од клубовите за кои играше: Само овој клуб го игнорираше неговиот роденден (ФОТО)

Кристијано Роналдо вчера наполни 34 години, од Реал Мадрид се пресели во Јувентус каде игра одлично, сезонава на 22 натпревари постигна 17 голови на што придодаде и 7 асистенции.

Роналдо кај Реал Мадрид настапи на 438 натпревари и постигна 450 голови, тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот, но тоа е недоволно „кралевите“ да му го честитаат роденденот.

Спортинг каде ја започна кариерата и Јунајтед каде се потврди како играч од екстра класа на сите социјални мрежи му го честитаа роденденот.

Реал Мадрид тоа не го направи, причината е непозната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.