Португалските медиуми пренесуваат дека Кристијано Роналдо е незадоволен во Јувентус и дека би можел наскоро да го напушти клубот од Торино.
Весникот “Footmercato” пишува дека агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш, веќе стапил во контакт со спортскиот директор на ПСЖ и дека на големо се работи на трансферот на Португалецот во францускиот клуб.
Во случај ПСЖ да успее да го доведе Роналдо ќе има неверојатен покер од асови на теренот- Роналдо, Нејмар, Мбапе и Икарди.