Бразилскиот волшебник Роналдињо откри за што најмногу жали во својата кариера.
Тој рече дека навистина му е жал што не играл подолго време заедно со ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.
Петкратниот освојувач на “Златната топка”, својата брилијантна кариера ја започнуваше кога Роналдињо беше на излезна врата во Барселона.
Роналдињо замина во Милан а Меси продолжуваше со блескавите настапи и стана прв стрелец во Барселона и Ла Лига.
“Постигнав се во мојата кариера и задоволен сум со тоа. Секако навистина жалам што не играв подолго со Меси, тој е одличен играч и среќен сум што му помогнав во почетокот на неговата кариера. Среќен сум што бев асистент на неговиот прв гол”.
“Меси е одличен играч и Аргентина има одличен тим и искрено им посакувам многу среќа”
МАРКУКУЛЕ.МК