Победа славеше голем триумф од 2:1 над фаворизираниот Работнички. Натпреварот од осмото коло што попладнево се одигра на стадионот под “Тумбе кафе” донесе големи 3 бода за црвено-белите од Прилеп.
Со овој триумф Победа не знае за пораз 4 кола, во кои забележа 2 триумфи и 2 нерешени резултати.
Вчера победашите добија нов шеф на стручниот штаб, што веќе денес вроди со плод и донесе бодови што ја искачија екипата на 7-мото место на првенствената табела.
Стрелци за Победа беа: Шаркоски во 15-та и Гешоски во 68-та минута, за Работнички намали Најденов во 85-та минута.
Во наредното коло Победа и гостува на Ренова, што е шанса за уште еден поволен резултат.