Во рамки на одбележувањето на Розовиот октомври – месецот на свесност, поддршка и превенција од рак на дојка, Здружението Центар за развој и едукација, во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, организираше настан посветен на значењето на раното откривање и превенцијата од оваа болест.
Настанот беше исполнет со едукативни активности, инспиративни пораки и симболично засадување на розови хризантеми, како потсетник за важноста на заедништвото, поддршката и солидарноста. Во пријатна атмосфера и отворен разговор, присутните упатија силна порака на охрабрување и поддршка за сите жени кои се соочиле или се соочуваат со рак на дојка.
























