Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција.
Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни.
Од ПУ Љубљана за N1 Словенија појаснуваат дека во последниот период не забележале значителни промени во намалувањето или зголемувањето на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Пред неколку дена имале случај кога самите родители забележале дека нивното дете има пиротехнички средства.
-Ја купил без нивно знаење. Родителите на полицијата ѝ предале речиси 400 парчиња пиротехнички производи. Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, велат од полицијата.