Мајката и таткото на хрватскиот херој Даниел Субашиќ пред две години се преселиле во село и од таму го следат Мундијалот.
“Не можам да ви опишшам како ми беше кога ј гледав утакмицата со Данска. Пеналите беа хорор, но се заврши добро. Сега ќе “ги добиеме” Русите и одиме во финале со Бразил”, вели таткото на Даниел, Јово Субашиќ(63).
За разлика од него, сопругата Боја (62) не ги гледа утакмиците на Даниел.
– Нема шанси, откако Даниел се повреди додека играше во Хајдук, не ги гледам неговите утакмици. Беше тоа против Задар и после тоа не гледам. Не можам. Кога има утакмица, шетам околу куќата -вели мајката на Даниел, Боја Субашиќ за “24сата.хр”.
Јово и Боја Субашиќ пред две години се преселиле од Задар во село. Селото има петнаесет куќи, а во една од нив живеат и тие двајца со баба му на Даниел.
Даниел одраснал во Задар со својата мајка, татко му и двајцата постари браќа, Милан и Оливер.
На 6 години за прв пат се запознал со фудбалот.
– Даниел не стоеше од секогаш на голот. Дури кога наполни 10 години играа утакмица, голманот се повреди и немаа друг, а Даниел изрази желба да го брани голот. Тренерот му дозволи и остана пред голот до ден денес.