Родителите во Македонија често вака ги наградуваат децата – прават голема грешка

Тешењето со храна не е наследено туку научено однесување, утврдиле британските научници кои предупредуваат дека родителите нѐ учат да се тешиме со прејадување, без да пронајдат позитивни начини за решавање на емоционални проблеми.

Според истражувањето кое го спровели Лондонскиот Универзитет, а го пренесува Би-Би-Си, околината е главен фактор кој влијае на тоа дека децата со емотивни проблеми јадат премногу или престануваат да јадат, однсо резултатот е родителското однесување и давање на вознемирените деца од нивната омилена храна за да се смират.

Српак, британската организација „Бит“ која се занимава со вакви пореметувања со исхраната порачува дека не треба родителите да се обвинуваат за тоа, бидејќи се работи за комплексно ментален проблем кој никогаш не е поврзан само со една причина. Оваа оргаизација потсетува дека претходните истражувања потврдиле дека кај некои луѓе постои генетска предиспозиција за развој на пореметување во исхраната.

-Наместо да пронајдат позитивни стратегии за да ги регулираат детските емоции, тие користат храна – вели водителката на студијата д-р Клер Левелин и додава – Склоноста кон прејадување како одговор на негативни емоции може да биде фактор на ризик за развој на гојазност. Емотивното прејадување или престаноот на земање храна може да биде важно во развојот на пореметувања како анорексија или компулзивно голтање храна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.