РОБОТИTE И ПРОГРАМИРАЊЕTO – ЖИВОТНА ЦЕЛ НА СРЕДНОШКОЛЕЦОТ ДАВИД ЛАЗАРОСКИ

prva

Давид Лазароски е прилепскиот Ајнштајн. Неговиот мозок уште од 5-годишна возраст е насочен кон тајните на програмирањето и роботиката, односно додека неговите другари играле со топка, Давид учел за софистицираните техники на технологијата. За него со сигурност можеме да кажеме дека е чудо од дете!

Давид, кажи ни од кога започна да се занимаваш со програмирање и роботика и како сето тоа се развиваше кај тебе?

Роботите и програмирањето ги гледам како мое секојдневие во блиската иднина. Уште од моето рано детство акцент давав кон науката и техниката која денес е токму и моето занимање, секојдневние а се надевам дека и моја иднина. Со програмирање и роботика започнав да се занимавам уште од 5-то одд учејќи во ООУ,,Блаже Конески” – Прилеп, каде таму ги стекнав моите први работни искуства со роботите, компјутерите и програмирањето.

Кој е твоја водилка, личност на која и должиш најмногу за сите овие стекнати искуства?

Личноста која е заслужна за мојот патоказ во животот а тоа е мојата насока кон роботиката и програмирањето е токму наставникот по техничко образование Бранко Бабаноски. На часовите по техничко образование наставникот забележа дека како ученик од 5-то одд имам доста големи познавања од страна на компјутерите и дека сум различен од другите ученици. Па како ученик во 5-то одд ме активира во додатната секција по роботика и автоаматика каде таму ги стекнав сите мои први искуства со роботите. Буквално кога ги погледнав тие роботи, роботски раце, електронски управувачи итн, буквално наставникот неможеше да ми рече одиси дома, добив толкав интерес и желба за работа во лабораторијата и со огромно нетрпение чекав да завршам со часовите на училиште за после часовите да учам и работам со роботите.

Запчнав со подготовки за натпреварите во областите на роботиката и автоматиката изработував огромен број на проекти, автоамтизирани процеси, роботи, програми итн…

treta

 Каде се твоите први чекори на натпреварувачко ниво?

Сојузот за Техничка Култура Народна Техника на Р. Македонија секоја година организираше натпревари во повеќето технички дисциплини меѓу кои и роботика и програмирање. На овие натпревари зазедов активно учество традиционално секоја година, па 5 години со ред бев државен првак во мојата категорија ,,Роботика и Автоматика”. Секоја година макотрпно работев на нови проекти кои проекти беа навистина нешто врно за дете од 6 или 7-мо одделение. Покрај роботиката и програмирањето учествував и на натпревари по физика и математика на кои натпревари бев и 3 пати редоследно државен првак, како дисциплина ,,Применета математика и Физика”.

Моето кариерно портфолио постепено започна да се полни веќе во 8-мо одделение добив и заклучна награда а таа беше првенец на генерација во училиштето. Моето активно учествување на натпреварите не згасна тука, образование го продолжив во СОУ,,Ристе Ристески – Ричко” – Прилеп. Активноста во науката и техниката ја продолжив и тука во ова училиште но веќе како средношколец моите можности беа поголеми затоа што во склоп на компанијата Микросам АД во Прилеп, работи Академија Микросам, каде се вршат обуки за програмери, инженерски помошници во машинството и инженерски помошници во електроника, автоматика и роботика. Во летниот период Академија Микросам работи и со средношколци во Клубот за талентирани средношколци. Сите овие обуки во Академија Микросам се бесплатни, единствен спонзор на Академија Микросам е компанијата Микросам АД. Преку овие обуки Микросам АД го поддржува развојот на младите таленти. Така да се пријавив на конкурсот за талентирани средношколци и активно започнав со учење и надоградување во областа на роботиката и програмирањето. Знаењата кои ги стекнав во Клубот за талентирани средношколци никаде на друго место неможе да се стекнат затоа што клубот работи според одлични современи методи на предавање и активно работење на проекти.

vtora

На кои конкретни проекти имаш работено самостојно, односно каде сметаш дека најдобро си се истакнал и вложил себе си?

Во текот на летото, благодарение на  професорот – ментор  Емил Тавчиоски, кој неговите врни познавања и  искуства во областа на програмирањето и роботиката  ги пренесе тому нас на средношколците, успеав да ги применам во поглем број проекти така да во Клубот за талентирани средношколци –  Микросам заедно со менторот Емил Тавчиоски иновиравме два проекти  ,,Робот – сложувач на рубикова коцка” и ,,Робот тик-так-тое играч”.

Со овие два проекти од 18 до 22 октомври 2016 год. во Скопје настапивме на  натпреварот за пронајдоци, иновации и нови производи МАКИНОВА 2016. Го освоивме првото место на овој натпревар и бевме наградени со две златни плакети.

cetvrta

Што можеме да очекуваме следно од тебе?

Моите знаења, проекти, активности не згаснуваат тука моментално работам на нови проекти на нови идеји стекнувам повеќе знаења вештини и искутва. Годината е пред нас следуваат нови натпревари, нови проекти, нови искуства, нови успеси.

Имаш ли свое мото, омилена изрека, што те води во животот?

Уште од мал случајно се соочив со една изрека која ми е едниствената мотицација за моето активно работење а таа е:

,,ПОБРЗАЈ ФАЌАЈ ГО ЧЕКОРОТ НА ДЕНЕШНИНАТА ЗА ДА НЕ БИДЕШ ПРЕГАЗЕН ОД ИДНИНАТА” .

petta

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.