Триумфален почеток на РК Прилеп во новата сезона од ракометната Супер Лига. Во првото коло во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” гостуваше екипата на Вардар Јуниор.
Прилепчани ја оправдаа улогата на фаворит и ги совладаа гостите со 31:24, на полувреме 13:11.
Во следното коло прилепчани му гостуваат на Пелистер во Битола.