РК Прилеп од следната сезона повторно се враќа во Супер лига: Ќе има ли сега поддршка од локалните власти?

РК Прилеп од следната натпреварувачка сезона повторно се враќа во најелитното ракометно друштво во Македонија

Во 2016 година претходниот градоначалник на Прилеп и тогашната локална власт ги презедоа да ги менаџираат ФК Победа и РК Прилеп.

По брза постапка се промени управата и стручниот тим во РК Прилеп, а клубот во тој период беше стабилен Суперлигаш, кој редовно опстојуваше во горниот плеј-оф дел од лигата, а еднаш избори и излез во Евро куповите.

Но, брзо по промената на локалната власт, клубот почна да тоне по сите основи без правилна поддршка од градоначалникот и локалната самоуправа, па за брзо време отпадна во Втора лига, играчите заминуваа, тренерите исто така..

Пред почетокот на оваа натпреварувачка сезона, клубот повторно го превзеде Александар Мариновски, човекот со кој клубот бележеше успеси и со кој се полнеше Универзалната сала, кога во Прилеп гостуваа Вардар со Раул, Металург со Лино Червар и останатите екипи од Македонската супер елита.

Набрзо потоа дојде до преструктуирање, па клубот полека почна да застанува на здрави нозе. Се доведоа неколку млади играчи кои во склоп со останатите млади прилепчани успеаа да се носат со предизвиците. Поради актуелната ситуација и прекинот на лигата, клубот во моментот се најде на второто место на табелата.

Во меѓувреме Управниот одбор на РФМ одлучи да стави прекин без да се прогласи шампион и без да се отпаѓа од лигата, а предложи следната сезона лигата да се прошири и да биде во формат од две групи по 8 екипи.

И така по административен пат Прилеп повторно се најде во Супер лигата. Во таа лига со нов систем сега и Вардар и Еурофарм Пелистер, кои играат во СЕХА лигата, паралелно од самиот старт ќе играат и во домашното првенство.

Но, сега се поставува прашањето каква ќе биде овојпат поддршката од градоначалникот и локалната самоуправа!? За влез во плеј-офот конкуренцијата ќе биде огромна, а ќе отпаѓаат повеќе екипи. Со кој играчки ростер ќе влези РК Прилеп во новиот предизвик и дали овојпат Мариновски ќе ја добие потребната поддршка, прилепчани останува да видат!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.