Екипата на Прилеп ќе биде учесник на 48-то издание на Меѓународниот турнир во Струга!
За прв пат екипата на Прилеп ќе земе учество на турнирот во Струга кој е од Меѓународен карактер, но оваа година поради пандемиjaта предизвикана од Koвид-19 учество ќе земат 8 македонски, исклучително силни екипи, кои ја претставуваат Македонија во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Покрај Прилеп и домашната екипа на Струга, ќе настапат уште и Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Пролет, Бутел Скопје и Охрид.
Турнирот ќе се одржува од 12 до 16 август на отвореното ракометно игралиште ,,Горан Попоски Бабец”.