РК Прилеп ја совлада екипата на Макс Струмица на домашен терен со резултат 30:26 (полувреме 15:11) и стигна до 4-та победа во плеј оф разигрувањето на машката ракометна Супер лига.
Седмото коло за РК Прилеп донесе нови 2 бода и ги донесе прилепчани на чекор од излез во Европа.
РК Прилеп докажа дека е сериозна екипа на која сериозно треба да се гледа, особено кога се гостува во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески”-Ричко.