РК Прилеп донесе уште еден грузиски ракометар во своите редови.
Станува збор за Уча Гамзардија, инаку репрезентативец на Грузија, кој својот деби настап во дресот на Прилеп го имаше викендов на гостувањето во Струга.
Уча постигна 2 погодоци против стружани, а игра на позиција лево крило. Грузиецот има 32 години, а во редовите на Прилеп ќе игра со уште двајца свои сонародници, тренерот и играч Реваз Чантурија и Гавашелишвил Мириани.
Минатата година боите на Прилеп ги бранеше и Рустамов Казеин, кој сезонава настапува во редовите на РК Охрид.