Жарко Барјактаревиќ нов ракометар на Прилеп!
После Христијан Милошески и неколкуте продолжени договори со најискусните, РК Прилеп во наредната сезона ќе смета на услугите и на Србинот Барјактаревиќ, кој после одличните партии сезонава во тимот на Јуниор Кисела Вода, го привлече вниманието на раководството на клубот и тренерот Кузманоски.
Се очекува Барјактаревиќ да биде големо засилување за новата сезона во Суперлигата.
Станува збор за 197цм. висок десен бек, кој својата кариера ја градел во екипите на Раднички Крагујевац, Железничар, Металопластика, Врање и последно екипата на Јуниор Кисела Вода.
Во својата кариера има настапи во ЕХФ Купот, како и во дресот на јуниорската репрезентација на Србија.