Ракометниот клуб Прилеп од денес е засилен со уште еден ракометар. Станува збор за грузиски интернационалец кој настапува на голманската позиција.
Цинцадѕе е стандарден репрезентативец на својата земја за која има запишано 77 настапи. Во Прилеп доаѓа од екипата на Сту-Имеди, Грузија.
Цинцадзе ќе претставува големо засилување за Прилеп кој предводен од Кузманоски амбициозно влегува во новата сезона од Супер лигата.
Цинцадѕе е второто засулување на Прилеп за престојната сезона во Супер Лигата. Да му посакаме добредојде на новиот член на Рк Прилеп.