Ракометарите на РК Прилеп попладнево пред преполната сала во “Ристе Ристески-Ричко”, ја декласираа екипата на Еурофарм Пелистер 2 и го освоија првото место во плеј-аут разигрувањето, а со тоа и директен опстанок во најелитното ракометно друштво кај нас.
Крајниот резултат на семафорот беше 31:24 (15-12 на полувремето). Прилепчани губеа само во првите минути со 1:2, а потоа до крајот на натпреварот не го испуштија водството.
Најефикасни во домашната екипа беа Христи Бикоски и Никола Цветаноски со по седум погодоци, пет додаде Денис Шабановиќ, а капитенот Филип Велески кој денеска се збогуваше со ракометот, постигна 3 погодоци.