После осигурувањето на потписот на ветеранот Реваз Чантурија и младиот Давор Шокоски, РК Прилеп го доведе и првото ново засилување за идната Суперлигашка сезона
Христијан Милошески од денеска е нов ракометар на РК Прилеп!
Прилепчанецот ќе биде првото засилување на Прилеп за сезоната која претстои.
Тој доаѓа од екипата на Бутел Скопје и ќе ја засили левата бековска позиција во тимот на Прилеп.
РК Прилеп продолжува со градење на тимот за наредната сезона, а во името на Милошески со сигурност добива едно квалитетно засилување.
Му посакуваме многу успех во „жолто-црниот” дрес